Министерот Александар Николоски најави како ќе изгледа проектот за модернизација на охридскиот аеродром. Владата во текот на вчерашниот ден објави дека вложува во инфраструктурата, но и здравството.

Тој објави и видео од тоа како би изгледала Воената болница откако ќе се реновира.

(ВИДЕО) Воената болница во Скопје ќе добие нови седум операциони сали, нови лаборатории, адаптирани нови простории

Во меѓувреме, аеродромот во Охрид ќе добие нов лик. Целосниот комплекс ќе создаде нова слика за странските туристи.

Како што потенцираше вицепремиерот, ТАВ имаат обврска да инвестираат 15 милиони евра согласно Договорот за концесија. Изборот бил реконструкција на охридскиот аеродром за да се доближи на ниво на скопскиот аеродром, а идејата за реконструкција на Воената болница е да се направи здравствен комплекс каде ќе се овозможат високо квалитетни услуги за пациентите од цела држава.

ТАВ ќе бира изведувачи, проектанти и тие ќе плаќаат. И тоа е предвидено со Договорот за концесија за кои тие имаат фискални обврски кон државата.  Скопскиот аеродром е реконструиран и даде нов импулс во патничкиот сообраќај,  а за охридскиот за жал тоа не се направи. Во услови кон имаме 9 нови авионски линии кои ги донесовме за неколку месеци и во услови за променет начин на субвенционирање и во услови кога најавивме 35 илјади туристи надвор од сезона, мора да имаме модерен аеродром. Фер е да посветиме внимание и на охридскиот секако во помал обем. Ова е прва реконструкција после изградбата од времето на Тито.

Тој детално објасни што ќе опфаќа реконструкцијата.

Во однос на Воената болница, размислуваме што е најголем проблем во државата и тоа дефинитивно е здравството. Се решивме да инвестираме во комплекс кој е целовит, кој е срце на македонското здаравство и која што е главна градска болница каде доаѓаат пациенти од цела држава. Реконструкцијата ќе започне од покривот а знаете зошто, оти оперираат со прокиснати тавани. Ќе ставиме фотоволтаици на целиот покрив, трето се менуваат сите лифтови. Четврто, ќе се срушат сите сали, ќе се донесат на нула и ќе се изградат нови операциони сали и ќе се опремат целосно. Она што за мене е најинтересно прв пат во Македонија и во регионот ќе се изгради роботска сала каде операциите ќе бидат вршени со роботи управувани од лекари. Вкупно 4000 м2 корисна површина ќе се реконструира. Понатаму предвидено е реконструкција на интензивната нега народки кажано шок соба, помошни простории, целосна промена на лаборотирии од обичните до најмодернитре. Сето заедно ќе значи комплетно нов лик на Воена болница и нов квалитет во македонското здравство и ќе гарантирам дека ќе се биде поквалитетна од приватните болници. И што е најзначано ќе ја завршпиме до месец ноември да биде функционална”- истакна вицепремиерот Николоски.

Целото гостување на вицепремиерот и министер за транспорт, Николоски може да го изгледате ТУКА.