Ковачевски јавно призна дека ВМРО-ДПМНЕ сака горд народ во во Македонија. Тоа е основната разлика. СДСМ сака понижени, несреќни, сиромашни граѓани и такви и направи и тоа го гледаме секој ден, а ние сакаме горди богати и среќни граѓани, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски за „Тема на денот“ во дневникот на Сител.
– Тоа е разликата. Основа на постоењето на секое човечко битие и тоа што о разликува човекот е тоа што има сознание за самиот себе. Основа на тоа сознание е гордоста која што преку формирање на држави оди во национална гордост. Кога ќе удрите во национална гордост во суштина удирате во постоењето на секој човек и затоа, да ние сакаме македонските граѓани да ги направиме горди, побогати и среќни, истакна Николоски.
Во однос на признавање на македонскиот јазик, Николоски посочи дека важно е толкувањето, затоа што Бугарија вели дека тој е пишана форма на бугарскиот јазик и дијалект на бугарскиот.
– Денес единствениот официјален документ прифатен од ЕУ е декларацијата која Бугарија ја испрати после прифаќањето на францускиот предлог од СДСМ и ДУИ кој го негира постоењето на македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот јазик. Со време доколку на македонска страна има ваква сервилна власт и влада тоа ќе станува и официјална позиција на ЕУ. Во 2020 кога Бугарија прв пат стави вети, тогаш ЕУ не сакаше нивните позиции да бидат во официјалниот документ, и отидоа како анекс кој власта го криеше, потенцираше тој.
Николоски додаде дека тие одговараат со францускиот предлог, односно Бугарија успеа за две години да го добие тоа што го бараше на ЕУ.
-И ако се продолжи со ваква сервилна власт за две години ќе ја имаат својата позиција за македонскиот јазик во рамки на ЕУ. Затоа што исти вакви како Османи и Ковачевски ќе велат уште ова да го направиме и ќе тргнат работите. Треба да се стави стоп, а тоа ќе биде на следните парламентарни избори, истакна Николоски