„Стево троши пензијата, не се брукај , не ја руши позицијата на Македонија и дружи се со пријателите од Агенција за разузнавање додека можеш“, вака вицепремиерот Александар Николоски му покажа каде му е местото на Стево Пендаровски кој вчера даде скандалозна изјава и упати нелогични напади кон владата предводена од премиерот Мицкоски.
Контрадикторност на Стево Пендаровски
Оние кои до вчера себеси се декларираа за прозападно ориентирани и про Америка ориентирани, за неколку месеци ја сменија „касетата“. Вчера во телевизиско интервју поранешниот претседател, Стево Пендаровски рече дека причината за неговото јавно појавување е стратешкото дистанцирање на Македонија од западните сили. Чудно и нелогично е како човекот кој до вчера ги обвинуваше ВМРО-ДПМНЕ дека се „анти-американски“, сега наоѓа забелешки за нивната про-американска определба.
Николоски му покажа каде му е местото на Пендаровски
Ваквата скандалозна изјава на Пендаровски наиде на многу критики. Вицепремиерот Александар Николоски му покажа каде му е местото на поранешниот претседател, Стево Пендаровски. Николоски потсети дека Пендаровски изборите ги изгуби со историски резултат, но и за неговите злоупотреби на Агенцијата за разузнавање.
Стево Пендаровски – човек кој два пати изгуби Претседателски избори, вториот пат со историски најголема разлика, после 10 месеци реши да се појави во јавност и да го напаѓа Премиерот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ заради поддршката на САД и Претседателот Трамп. Пендаровски кој иако вети не се откажа од доживотна пензија на грб на граѓаните, го напаѓа Претседателот на нашиот стратешки партнер број 1. Арогантно дели ,,ум” на светски лидери, а сам себе не се гледа, напиша Николоски.
Вицепремиерот и актуелен министер за транспорт потсети на многуте сомнителни активности во мандат на Пендаровски. Но, потсети и за неговите контрадикторности.
Човекот кој масовно ја злоупотребуваше Агенцијата за разузнавање со наредба да фабрикувааат извештаи за нас од ВМРО-ДПМНЕ дека сме ,,проруски” , ,,антизападни” , ,,антиамерикански” , за мене слушам напишале дека сум претставник на ,,иранско – турско – унгарско влијание” и пуштаа гавази да ги молат стратешките партнери пола од носителите на листи на ВМРО-ДПМНЕ да завршат на црна листа за така да се спасат од пораз, истиот тој сега е најантизападен и најантиамерикански. Стево троши пензијата, не се брукај , не ја руши позицијата на Македонија и дружи се со пријателите од Агенција за разузнавање додека можеш!, заклучува тој.
Целиот статус може да го погледнете во продолжение: