Состанок на министри за транспорт на земјите членки на Европската Унија, објави на Фејсбук министерот за транспорт, Александар Николоски
Остварив средби со министрите за транспорт на Белгија, Малта, Кипар, Германија и Грција. На средбите разговаравме за развој на транспортниот сектор во регионот. Ги претставивме приоритетите на Македонија – изградба на брза пруга на Коридор 10 како и олеснување на транспортот и трговијата меѓу земјите од Зададен Балкан, како и изградбата на Коридор 8. Во рамки на денешниот министерски собир, ќе остварам работни средби и со министерот за транспорт на Италија, потоа со министерот на Унгарија и Австрија, како и со претставници на ЕУ каде ќе ги преставам приоритетите на Македонија Ќе направиме големи проекти за Македонија! Истакна министерот Николоски.