Потенцијални инвестиции и силна економија се во фокусот на новата влада. Министерот за транспорт и врски којшто е потпретседател на Владата, го соопшти ова преку својот Фејсбук профил.
Остваривме состанок со комората на Северо-Западна Македонија. Разговаравме за главните приоритети на владата, за предизвиците во бизнис секторот и потенцијалните инвестиции. Силна економија значи поголем буџет и повеќе инвестиции!, пишува Николоски.