На денешната посета во Сопиште, Николоски, во однос на најавите за зголемување на даноците на Зоран Заев, истакна дека тоа е признание за економското фијаско, како и дека Македонија е пред банкрот со галопорачка инфлација од 3%, а истото не е решение на проблемите.

-Ги гледам како признание за економското фијаско кое и се случува на Македонија, долгот со Зоран Заев во апсолутни бројки порасна за 2 милијарди и 800 милиони евра, во проценти е некаде околу 63% од БДП, односно ја надминува онаа прихолошка бариера од 60% која е и Мастришки критериум за членство во Европската унија, критикуваше Николоски.

Николоски вели дека ова е признание дека Македонија е пред банкрот, но и потврда за дека Македонија е на раб на една галопирачка инфлација и имајќи предвид дека проекциите на НБРМ беа со 1,5 % инфлација, па се корегираа на 2,5%, а веќе во овој момент имаме 3% инфлација, а крајот на годината е далеку, уште седум месеци има до крајот, а решението на овие проблеми не е со зголемување на даноците, појасни тој.

Тој порача исто така дека решението на наброените проблеми е создавање на можности за зголемување на економската активност како би можеле стопанствениците да произведуваат повеќе, да продаваат повеќе, а врз основа на тоа да плаќаат повеќе данок.

-Нашата политика, на ВМРО-ДПМНЕ е намалување на даноците, не нивно зголемување, затоа што сметаме дека повеќе пари треба да останат за стопанството, како би имале по мотивирани стопанственици, но и подобро платени работници, кои би создавале поголема додадена вредност, вели Николоски.