Наместо мирно предавање на власта без афери и скандали, власта предводена од СДСМ и ДУИ ги користи сите недемократски принципи. Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски опишува дека целта е да се искраде што сѐ може на заминување, а тековните случки ги опишува како „масовна пљачка на ЕЛЕМ И РЕК Битола“.
Николоски најави одговорност. ЕЛЕМ И РЕК Битола ги опиша како „омилената фирма на Белорускиот конзул“. Меѓудругото, тој пишува дека дневно десетици камиони носеле увозен јаглен! Тие камиони транзитираат низ Новаци кон РЕК Битола.
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ пишува дека во сообраќајна несреќа при судир на еден од тие камиони со трактор, еден човек го загуби животот. Затоа жителите на Новаци организираат протести за крај на криминалот во ЕЛЕМ и РЕК Битола!
Утре – Понеделник 27ми Мај од 10 часот се случува уште еден таков протест! Жителите на Новаци ја имаат мојата поддршка. А, за криминалот во ЕЛЕМ и РЕК Битола веднаш по формирањето на Владата предводена од ВМРО ДПМНЕ ќе започнат соодветни постапки за расчистување! Криминалците ќе одговараат, заклучува тој.
Неговата објава ја пренесуваме во продолжение: