За една година целосно го променивме начинот на функционирање на аеродромите и имаме 16 нови дестинации, истакна во вечерашното гостување во “Вести Плус” на “Канал 5”, потпретседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, кој најави и нови авиолинии во следниот период.

– Најавувам дека во следниот период ќе се објават нови авиодестинации од македонските аеродроми. Се’ уште ги преговараме, но за многу брзо време ќе ги објавиме. Истовремено расте бројот на патници, во првото шестмесечје скопскиот аеродром порасна до 5%, а охридскиот со 13%. Очекувам во второто шестмесечје, односно до крајот на годината, овие бројките да се двоцифрени на двата аеродроми, што ќе е апсолутен рекорд во регионот, истакна Николоски.