Амстердам – Скопје со директна авиолинија. Се остваруваат најавите на министерот Александар Николоски и министерството за транспорт за нови и евтини авиолинии од Скопје.
Политиките што ги спроведуваме во авиосообраќајот даваат конкретни резултати. После 12 години успеавме повторно да ја вратиме линијата Скопје-Амстердам. Авиокомпанијата Трансавиа ќе лета двапати во неделата и тоа во четврток и во недела на релација Амстердам-Скопје-Амстердам. Ова е нова можност граѓаните да ги искористат бенефитите од воведувањето на нови дестинции низ Европа и светот, напиша Николоски.
Од септември 2008, кога престана да лета МАТ, ова ќе биде првпат аеродромот „Схипхол“ и македонскиот главен град да бидат поврзани со редовен авиопревоз. Компанијата е подружница на групацијата „Ер Франс – КЛМ“. Првиот лет беше вчера, односно на 2 март 2025 година. Ќе се лета двапати неделно.
За многу кратко време успеавме да овозможиме нови десетина дестинации од двата домашни аеродроми со што даваме силен поттик и развој на воздушниот сообраќај, поконкурентни услови за патување и нови дестинации за граѓаните, напиша вицепремиерот Николоски на својот фејсбук профил.
Повеќе информации може да погледнете во продолжение: