Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски на својот Фејсбук профил објави видео од небо во кое нагласи дека сите државни патишта се исчистени и проодни низ цела Македонија.
-Сите државни патишта се исчистени од снег и проодни низ цела Македонија. Благодарам за силниот ангажман на вработените во Македонија пат.
А, снегот дава дополнителна убавина на нашата Македонија!, напиша Николоски.
