Николоски: ВМРО-ДПМНЕ е посилна од кога било, резултатот ќе биде подобар од 2021 година
Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, во вечерашното гостување во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија, изјави дека ВМРО-ДПМНЕ очекува најсилна победа досега на претстојните локални избори. Тој нагласи дека резултатот ќе биде значително подобар и од тој на изборите во 2021 година, кога партијата освои 42 општини.
„Ќе имаме далеку подобар резултат од 42 општини на локалните во 2021. Очекуваме убедлива победа на локалните избори, можеби најсилна досега“, изјави Николоски.
На изјавите на Венко Филипче дека ВМРО-ДПМНЕ паднала за 100 илјади гласа, Николоски реагираше со критика кон СДСМ.
„Филипче треба да се грижи повеќе за состојбата во неговата партија СДСМ“, одговори тој.
СДСМ со максимум 3 градоначалници, нема услови за предвремени избори
Николоски оцени дека, доколку СДСМ нема да освојат повеќе од три градоначалнички позиции. Има гласини дека СДСМ ќе имаат коалиција со Левица, но, сепак резултатот ќе биде од 0 до 3 градоначалници. За ДУи тој потенцираше дека дури и да победат на локалните избори, нема да има предвремени избори
„Не е нереално дека СДСМ, евентуално и Левица, зависно дали ќе прават коалиција… ќе движат помеѓу 0 и 3 градоначалници“, изјави Николоски.
Дополнително, тој потврди дека нема да има предвремени парламентарни избори, дури и доколку резултатот на локалните избори биде силно во корист на ВМРО-ДПМНЕ.
Исполнети три главни ветувања: ДУИ е во опозиција, нема отстапки кон Бугарија, економијата расте
Николоски потсети на трите главни изборни ветувања кои, според него, партијата ги исполнила:
ДУИ во опозиција:
„ДУИ ќе оди во опозиција, и ДУИ е во опозиција и тоа е трајно за овие 4 години“, изјави Николоски.Нема отстапки кон Бугарија:
„Второто ветување беше дека нема да ветуваме кичма пред Бугарија“, додаде тој.Фокус на економски развој:
Николоски истакна дека, иако е прва година од мандатот, веќе се бележат позитивни резултати.„Силниот фокус на развој на економијата веќе дава резултати. Имаме раст на БДП, туризмот расте и индустриското производство исто така“, рече тој.