Победуваме во недела, неколку работи се веке јасни, убедлив победник на изборите е коалицијата   предводена од ВМРО ДПМНЕ, тоа е факт, најголемите урбани центри ќе ги предводат градоначалници  од ВМРО ДПМНЕ и тоа е нешто на кое што никој неможе да каже дека нема да се случи, изјави Александар Николоски, потпретседател на ВМРО ДПМНЕ, од Битола. 

Навистина ми е драго што кампањата ја завршуваме тука во Битола. Битола е град што заслужува многу повеќе, да расте, да се развива и најубавите моменти се сеуште пред него. На моите средношколски денови распустите ги поминував  тука во Битола. и сега кога можам да ги менувам работите, сакам за Битола да направиме убави работи, изјави Николоски.

За жал во изминатите години лоши работи и се случуваа на Битола, нема крупни инвестиции и нема грижа за градот, многумина го напуштаат градот, тоа е најголемата болка на Битола и на цела Македонија.  Затоа треба да се бориме децата да останат  овде, заеднички да  ја градиме иднината .  30 години Македонија се врти во круг од бандити , и затоа изборот во Битола е лесен на една страна имаме бандит и на друга страна имаме чесен човек, Број 7  за др Тони Коњановски. Тие мислат дека можат да заплажуваат, ама ја покажуваат сопствената беда. Штом мислат дека некого за пари можат ј да го купат тогаш и тие можат да бидат купени, изјави Николоски.

Битола нема да ја направиме нова  приватна фирма, затоа во Битола повикувам на масовност уште во раните утрински часови, тие сакаат да останете дома. Не сме сите исти, сакаме да направиме убави работи, затоа дајте ни поддршка во Битола за заеднички да ги менуваме работите. Вашата поддршка ќе е силна и ќе значи уште од 1 ноември да работиме  на ново парламентарно мнозинство  и рушење на оваа влада , затоа што Македонија нема време, изјави Николоски.

Знаете дека РЕК работи на раб и едвај произведува струја. Македонија може  да потоне во темница  и ако некој можеше да го замисли за лош хорор филм, замислете  во 21 век  размислуваме дали ќе има или ќе нема струја, дали ќе има или нема греење , а  Зоран Заев  и Владата на тоа  ја донесоа државата

Имаме неколку зацртани цели за Битола, прва  е отварање на нови работни места , ветуваме отварање на две големи странски компании  и 7 до 10 илјади нови работни места, понатака силни инвестиции во инфраструктуратаа, кај се застанати во 2017 таму се денес застанати и затоа ќе правиме големи убави работи,  следно гасификација на Битола , следно топлификација во Битола, парно во секој дом, реални инвестиции во спортот и за мене најбитно , одноворност за криминалцците, има  сите да одговараат од прв до последен и тие што ќе прават потпуп сите ве знаеме , ќе одговарате од понеделник, изјави Николоски

Решението за рушење на оваа Влада е излезноста, да го вратиме наципналното достоинство , да не се поигрува никој ,излезете и гласајте за бројот 7, да живее Битола, да живее ВМРО ДПМНЕ, изјави Николоски од Битола