-Овде во Брисел сите знаат дека ние сме Македонци и зборуваме македонски јазик, може Бугарија колку сака да не го признава тоа и да блокира, може Заев колку сака да ги продава националните интереси вистината е една – ние сме Македонци што зборуваат македонски јазик! напиша Александар Николоски на својот Фејсбук профил.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот Александар Николоски, и секретарот за меѓународна соработка Тимчо Муцунски, вчера беа во на работната посета на Брисел.
Како што знаеме тие остварија средба со Марко Кампоменоси, пратеник во Европскиот парламент и шеф на делегацијата на партијата Лега на Матео Салвини во Европскиот парламент и најавија дека ќе продолжат со средби а во интерес на Македонија.