Прв лет слета на охридскиот аеродром
Од денеска „Austrian Airlines“ започна со редовни летови на рутата Виена – Охрид, откако утрово на Аеродромот „Св. Апостол Павле“ слета првиот авион на компанијата. Со тоа и официјално започна функционирањето на новата авиолинија.
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски истакна дека станува збор за значаен чекор за развој на охридскиот аеродром.
„Од денес ‘Austrian Airlines’ лета Виена – Охрид, голем чекор за развој на Охридскиот аеродром“, изјави Николоски.
Два лета неделно кон Виена
Новата линија ќе сообраќа двапати неделно, секој четврток и недела, со што Охрид добива директна воздушна поврзаност со една значајна европска дестинација.
„Линијата ќе се реализира двапати неделно, секој четврток и недела, со што Охрид и охридското крајбрежје добиваат директна воздушна поврзаност со уште една значајна европска дестинација“, стои во објавата.
16 авиолинии од охридскиот аеродром
Со ова проширување, од охридскиот аеродром сега се реализираат вкупно 16 линии – 13 редовни и 3 чартер, што значително ја зголемува достапноста на дестинации за патниците.
„Со ова, од охридскиот аеродром се реализираат вкупно 16 авиолинии, од кои 13 се редовни и 3 чартер линии, што претставува значително проширување на мрежата на дестинации достапни за граѓаните и посетителите“, истакна Николоски.
