Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски присуствуваше на партиски настан во Ново Село, каде што се сретна со иселеници, членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој најави проект за изградба на експресен пат Радовиш–Струмица–Ново Село, кој, според него, ќе го подобри животот и поврзаноста на жителите од регионот.

„Работиме и на проект за изградба на експресен пат Радовиш – Струмица – Ново Село. Уште еден значаен инфраструктурен проект кој ќе го подобри животот на жителите од овој регион“, порача Николоски.

Тој посочи и дека директната авиолинија Женева–Скопје била отворена на барање на дијаспората и дека им овозможува на иселениците почесто и полесно да се враќаат во Македонија.

„Токму на барање на дијаспората отворивме директна линија Женева Скопје. Лет кој многу го користи дијаспората и со кој почесто и полесно се враќаат во Македонија“, наведе Николоски.

„Прекрасна енергија во Ново Село! Вечерва на покана на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Ново Село имавме прекрасен настан, полн со позитивна енергија и патриотизам. Се сретнавме со нашинците од дијаспората и сите оние симпатизери и членови на ВМРО-ДПМНЕ со кои изминатите години заедно работевме на подобрување на животот во Македонија“, напиша Николоски на Фејсбук.

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ е „партија на народот, обединета и силна“.