Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, денес на мини митинг во Прилеп, вети решение за сите инфраструктурни проблеми на општината, а и многу нови и сериозни зафати.
Николоски најави сериозни инвестиции и огромни средства што ќе бидат вложени. Покрај тоа, ќе има големи инфраструктурни зафати за подобро поврзување на градот Прилеп и целиот Пелагонски регион.
Николоски ја наведе првата работа што ВМРО-ДПМНЕ ќе ја спроведе
Николоски наведе дека првата работа што ВМРО-ДПМНЕ ќе ја направат е автопатско решение од Прилеп до Битола и до граница со Грција, односно Меџитлија.
Затоа што ние на планираме да бараме провизии и не планираме да правиме криминал, за истите пари ќе имаме целосно автопатско решение и од Прилеп до Битола и до граница со Грција. Разликата од Битола до Меџитлија е провизија што Артан Груби ја бара, вели Николоски.
Втората работа што ВМРО-ДПМНЕ ја планира
Николоски потврди дека втората работа што ќе се спроведе е конечно завршување на експресниот пат од Прилеп- Градско.
Овој пат е симбол на неспособноста на СДС и ДУИ. Тоа се три патишта, Скопје – Блаце за 6 години 1 километар, Охрид – Кичево не мрдна воопшто, а и Прилеп- Блаце исто така не мрдна, вели Николоски
Николоски потврди дека двете делници кои се делумно пробиени да се завршат до 2026, а третата која не е тендерирана до 2027.
Тогаш, ќе има поврзување на Прилеп со главниот автопат во Македонија, Скопје-Гевгелија до 2027 година.
Третата работа што ќе биде направена
Александар Николоски потврди дека третата работа што ВМРО-ДПМНЕ ќе ја направи е спојување на Прилеп и Битола тие ќе функционираат како една целина.
Се планира изградба на брза пруга, теренот одговара бидејќи е рамен, а за 25 минути ќе се стига од Прилеп до Битола. Ќе има 6 до 7 воза дневно и ќе се функционира како надземно метро, вели Николоски
Николоски наведе дека тоа ќе помогне на бизнисот, луѓето и за целата заедница.
Четврта работа што ќе се направи
Николоски потврди дека ќе има сериозни разговори со Грција, со цел пругата што е изградена од Битола до Кременица да се стави во функција и да има два пати дневно линија Прилеп-Битола-Солун.
Со ова ќе се забрза стопанскиот развој на целиот регион, многу луѓе од Грција доаѓаат да по здравствени и стоматолошки услуги, а и по пазарување, наведе Николоски
Покрај ова, се планира и обиколница на Прилеп, за тешките товарни возила да не поминуваат низ градот и да се заштити инфраструктурата.
Николоски наведе дека мора да се стави точка на тенденцијата на создавање на град-држава, а тоа е Скопје.
Цела Македонија се сели во Скопје, сите работи се во Скопје, и тоа е неодржиливо. Македонија се празни и Скопје станува прескапо. Цена на квадрат достигна 3 илјади евра, најголемото иселување е од Скопје, животот станува неподнослив за граѓаните. Планираме да вложиме сериозни средства во децентрализацијата, односно преку 250 милиони евра кои ќе се спуштаат до општините, инфраструктурни проекти и поддршка на земјоделството, вели Николоски