Денес се сретнав со здравствените работници од Прилеп. Им се заблагодарив за нивната пожртвуваност и посветеност во битката со корона вирусот, напиша потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Александар Николоски на ФБ.

За жал во Прилеп има континуирано високи бројки и на заболени, за жал и на оние кои што ја губат битката. Состојбата е катастрофална, ме информираа за секојдневните проблеми со кои се соочуваат и нивните надчовечки напори за да се спасат човечки животи. За оваа катастрофа и лошото справување со корона кризата мора да има одговорност!, напиша Николоски.

 

Денес се сретнав со здравствените работници од Прилеп. Им се заблагодарив за нивната пожртвуваност и посветеност во…

Posted by Aleksandar Nikoloski on Friday, April 16, 2021