– Овие избори не се само за градоначалник, овие избори се референдум за иднината на Македонија. Овие избори се референдум за тоа дали Македонија ќе напредува и ќе се случуваат промени или ќе продолжи да владее оваа власт на Зоран Заев. – вели Николоски
– Овие избори даваат одговор на прашањето, дали во Македонија корупцијата ќе продолжи да цвета, дали во Македонија економијата ќе продолжи да тоне или ќе дојдат компетентни луѓе коишто ќе се борат со организираниот криминал и корупција.
Тој исто така додаде дека:
– После победата на локалните избори и со формирањето на новата влада од ВМРО-ДПМНЕ, ќе соработуваме заеднички за сите големи проекти.