Вицепремиерот Александар Николоски имаше свое обраќање на глобалниот форум ”Trasforming Transportation 2026“ што се одржува во Вашингтон во организација на Светска банка.

-Во Washington, DC на глобалниот економски форум „Трансформација на транспортот“ организиран од Светска Банка. Геостратешката позиција на Македонија каде што се сечат двата пан-европски коридори, но и близината до пристаништата во Југоисточна Европа се предноста на Македонија.

Ги преставив проектите што ги реализираме за подобрување и модернизирање на патниот и железничкиот сообраќај, можноста за отворање на слободни економски зони на самите коридори, како и одличната можност за инвестиции во Македонија.

Очекувам многу позитивни работи во блиска иднина за инфраструктурата, транспортот и многу нови работни места во Македонија!, напиша на социјалните мрежи вицепремиерот Николоски.

Видео од целото обраќање на Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт