Инвестираме значајни средства директно во општините за развој и за подобрување на условите за живот на граѓаните. Оваа година ќе се инвестираат 100 милиони евра преку програмата на Владата, следната уште 250 милиони евра за бројни проекти во инфаструктурата. Поднесените проекти преку Министерството за транспорт веќе се одобрени и очкувам многу скоро почеток на нивна реализација, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски при денешнта работна посета на општина Велес.
Министерот Николоски заедно со градоначалникот Марко Колев и пратениците од Велес како и директорот на АД за стопаснување со станбен и деловен простор, извршија увид во реконструкција на улицата Луј Пастер, како и во изградената социјална зграда која во моментов е во постапка на распределување.
При посетата на социјалната зграда истакна дена ова е мерка со која ќе се обезбеди пристоен дом за 29 ранливи семејства од Велес.
Инвестицијата во оваа зграда е 54,2 милиони денари и во овој момент тече постапка за распределување на становите. Очекувам 29 ранливи семејства од Велес да добијат свој дом и ги мотивирам сите кои ги исполнуваат условите да аплицираат и да видиме среќни семејства кои живеат тука. Уверувам дека процесот ќе биде транспарентен и јас лично ќе го надгледувам и нема да дозволам да има било какви манипулации. Паралелно со овој процес во тек е и распределба на зградата и во Кочани, а веќе во завршна фаза с изградба се зградите и во Бутел и Дебар, изјави министерот Николоски.
Тој истакна дека за општина Велес распеделени се 1,1 милион евра за поодбрување на локалната патна мрежа кои во најголем дел се потрошени за реконструкција на улици низ градот.
Улицата “8 март” се заврши, улицата “Љубљанска” ја завршиваме со реконструкција, следи поставување на сообраќајна сигнализација, a активно работиме и на улицата “Луј Патсер” во должина од околу 1 км која деновиве се асфалтира. Сакам тука да го пофалам и градоначалникот кој прв ги искористи измените на Законот за урбанистичко планирање и аплицираше за изградба на катна гаража токму преку проектот на Владата и уврувам дека за брзо време ќе се изгради катна гаража, истакна министерот Николоски.
Во однос на брзата пруга на Коридор 10, министерот најави дека со изградбата на брзата пруга граѓаните за двесетина минути ќе патуваат од Велес до Скопје со 200 кm на час.
Градоналаникот Марко Колев ја потенцираше силната подршка на Владата и министерството во реализација на капиталните проектит за општина Велес.
Ги повикувам сите што ги исполнуваат условите да се јават на повикот за распределба на становите. За да ја ставиме во функција оваа згрaда општина Велес вложи сериозни финансиски средства за снабдување со вода на зградата. Во изминатиот период се реконструираа многу улици низ Велес со подршка на министерството и сакам да додадам дека токму на оваа улица Луј Пастер, општината преку свои средства изврши проширување, изјави Марко Колев градоначалник на општина Велес.