-Клучна придобивка од челнство во ЕУ, ако сакате и клучно барање и желба на граѓаните кога ќе ги прашате на улица зашто сакаат државата да влезе во ЕУ се две работи, како што велат тие да има ред, или преведено вака на наш овдека јазик владеење на правото и сето тоа што носи со себе. И второто е подобар животен стандард, додаде тој.
Николоски додаде дека за него е несфатливо во услови кога Србија со сите геостратешки и геополитички флип – флоп односно танцувања по јаже кои што ги прави да добие 600 милиони евра грант за брза железница. Таа железница треба соодветно да ги поврзе Ниш – Белград – Нови Сад – Будимпешта – Виена односно да се отворат кон Централна Европа со еден крак кој што надолу треба теоретски преку Скопје да дои до две големи пристаништа до Солун и до Атина, и на исток нормално кон Истанбул. А, во Македонија за таа работа воопшто не се зборува.
– Тоа за мене е несфатлива работа, да ние ја гледаме работата пред себе и да воопшто не зборуваме за истата и од Владата да нема никакви активности за таа работа. Видовме активности за киднапирање на пратеници, но не видовме активности да се изгради брза пруга низ Македонија, нагласи Николоски.
Николоски посочи дека таа железница ќе се случи но прашањето е дали ќе оди по природен пат односно од Ниш ќе се спушти надолу по Морава и по Вардар кон Солун. Или од Ниш ќе оди десно кон Босилеград односно Димитровград и покрај Софија по Стума ќе се спушти надолу пак кон Солун. Втората варијанта е 330 километри подолга, некаде 3 милијарди и нешто поскапа. Но, ако нема интерес во Македонија ќе се оди по таа варијанта.
– Поразително е да објават претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лејен и претседателот на Србија дека проектот завршува на граничниот премин со Македонија. Овој граничен премин Македонија – Србија до Скопје се 40-50 километри зависи трасата, и логично ќе беше да се објави дека ќе оди минимум до Скопје. Причината зошто не оди до Скопје е затоа што нема проект. И тоа е едно јасно немање на визија за позиционирањето на државата во следниот период кој што треба да овозможи многу поголема економска активност од ова што е сега, заклучи Николоски.