Договорот со Бугарија е основата и почетокот на сите проблеми со кои се соочува Македонија, коренот на барањата на Бугарија, сите понижувања на Македонија, националните обезличувања, обид за бришење на националните и идентитетски обележја, сите блокади и вета на патот кон евроинтеграциите, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.
Народот ќе стави крај на уцените, понижувањата и заедно ќе го вратиме достоинството на македонскиот народ и Македонија!
Борбата за Македонија, македонските национални интереси, македонскиот идентитет и македонскиот јазик се столбот на ВМРО-ДПМНЕ, заедно сплотени ќе успееме во оваа битка за Македонија!
ОДИМЕ НА РЕФЕРЕНДУМ!, порача тој.