Политичката сцена во Македонија е во знак на стабилност на владејачката коалиција, но и на зголемен интерес од опозициските субјекти за влез во извршната власт. Ова го истакна вицепремиерот Александар Николоски во интервјуто за „Ноќно студио“ на 4TV.mk, осврнувајќи се на најавената реконструкција на Владата и регионалните предизвици.
Николоски потенцираше дека премиерот Христијан Мицкоски веќе прави детална анализа на досегашната работа на сите ресори, што ќе биде основа за претстојната реконструкција.
Најголем дел од оние кои се во опозиција, особено од албанскиот блок, имаат желба да се приклучат на Владата. Тоа е најдобар доказ дека работиме добро и дека политичките партии препознаваат оти преку учество во оваа структура можат да добијат поголема поддршка кај граѓаните. Сепак, ние имаме наше стратешко партнерство со ВЛЕН и ЗНАМ на кое остануваме доследни, изјави Николоски.
