Каква е ситуацијата со изградбата на автопатот кон Блаце?

ФОКУС: Каква е ситуацијата со изградбата на автопатот кон Блаце? Како што своевремено објавивме, фирмата изведувач продала хотел за багатела на фирма, која подоцна се испостави дека поседува возило што го управувал тогашниот вицепремиер Артан Груби. А, Вие деновиве јавно изнесовте низа забелешки.

НИКОЛОСКИ: Вие тој материјал што го објавивте е точен. Забележав дека по мојата прес-конференција, на која изнесов податоци за проектот Скопје-Блаце, многу нервозни станаа медиумите блиски до Артан Груби со лажни вести, што мислам дека јасно индицира каде лежи зајакот. Морам визуелно да објаснам за читателите…

Кога доаѓате од Косово кон Македонија, дел од автопатот поминува низ река. Еден убав автопат, кој изгледа дека е тежок и скап, но во суштина е евтин, зашто не градите тунели и немате експропријација. По секоја логика, зашто границите се вештачка работа и не се дел од природата, автопатот треба да продолжи по истата линија кон Скопје.

Но, проектантите од Јавното претпријатие за државни патишта под раководство на поранешниот директор Ејуп Рустеми од ДУИ побарале мислење од Министерството за животна средина, кое пак по брза постапка им дало мислење дека тој простор треба да се заштити како еколошки заштитено подрачје и сугерираат да се помести трасата.

ФОКУС: Во кој правец е преместена трасата?

НИКОЛОСКИ: Трасата се поместува низ планината и од 13 километри испаѓа 6 километри да се тунели. И проектираната цена, за која има обезбедено средства од Европската банка за обнова и развој, од 171 милион евра, се качува на 240 милиони евра, или ја креваат вредноста за 70 милиони евра, што ќе го направи најскап автопат било каде во регионот, бидејќи еден километар би чинел 20 милиони евра. Тоа е расипничко трошење пари.

Плус, прашање е дали тој автопат воопшто е изводлив? Прво, дали има компанија што може да изведе 6 километри тунели за 4 години? Јас мислам дека нема, со цела почит кон сите. И второ, со што ќе се спои овој автопат на косовска страна, зашто ако се изгради овој автопат и Косово ќе треба да ја пробива планината и да го спои на постојниот пат. Затоа, одлучивме да направиме ревизија на проектот.

Целото интервју може да го погледненете ТУКА.