Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски денеска заедно со претседателот на партијата, Христијан Мицкоски во Будимпешта остварија средба со претседателот на ФИДЕС и премиер на Унгарија Виктор Орбан.

Николоски објави на средбата ги констатирале одличните пријателски односи меѓу двете партии, а се разговарало и за реализација на стратешките цели на Македонија.

-Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски се заблагодари на поддршката од Унгарија на Македонија посочувајќи дека тоа е доказ за вистинско пријателство, изразувајќи надеж дека таа поддршка ќе продолжи имајќи го во предвид фактот дека Унгарија наредната година го презема претседателствувањето со Европската Унија. Воедно на средбата беше направен пресек на соработката и работата на двете партии во насока на размена на искуствата кои се користат при изработка на програмата на ВМРО-ДПМНЕ за наредните избори. Воедно беше разговарано за идни проекти и планови за развој кои би се реализирале веднаш по промената на власта во Македонија, објави Николоски.