За да не се корумпирани фунцкионерите треба да имаат повисоки плати, но прашањето е друго: Дали е во ред во услови на ваква сиромаштија и при вакви проблеми едни да добиваат зголемени плати, а други да врзуваат крај со крај?“, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21.
Ваквиот одговор следува по прашањето за 78 отсто покачување на платите на функционерите.
Николоски посочи дека службеници во Собранието дошле во ситуација да имаат поголема плата од пратениците.
Според него, тоа не е во ред, затоа што пратениците се избрани од народот.
„Една клика да добива зголемени плати, а сите останати да врзуваат крај со крај. Затоа треба да се направи целосна реформа на системот на плати, и ние рековме дека тоа ќе го направиме кога ќе дојдеме на власт“, вели Николоски.