Министерот за транспорт и врски Александар Николоски, заедно со останатите присутни денеска промовираа асфалтирање во зимски услови, токму на трасата на автопатот Кичево – Охрид, активност која за прв пат се применува после 50 години.
👉 За прв пат промовираме зимско асфалтирање на минусни температури и токму на автопатот Кичево -Охрид
📌Направивме огромна мобилизација преку 300 машини и преку 600 работници 👷секојдневно работат на траса
📌 До почеток на летна сезона ќе пуштиме за сообраќај околу 40 km од Врбјани до Охрид, а до крај на 2026 ќе го изградиме целиот автопат.
Правиме историска работа за Охрид, Струга и регионот, граѓаните заслужуваат модерен автопат.
Ја градиме Македонија, напиша вицепремиерот и министер за транспорт и врски Николоски.