Мислам дека претседателот на партијата Мицкоски успеа маестрално да искреира една стратегија, а после тоа и да ја реализира, секако јавноста додека не ја виде реализацијата прво не може да знае што е стратегијата затоа што ако откриете јавно тогаш не можете да ја користите како сопствена стратегија.
Таа стратегија беше изработена не само со најблиските соработници внатре во партијата туку со македонскиот народ и после истата беше егзакутирана, беше реализирана во текот на изминатиот период. Минатата година тој имаше едно забележително интервју каде ги претстави контурите на таа стратегија.
Првиот чекор на нејзината реализиација е лидерската средба која се случи вчера, а најпрвото допрва доаѓа и ќе го видат граѓаните и сето тоа што е дел од стратегија е дел за нормализација на Макеоднија, дел за стандарди на воведување на силен систем за владеење на правото, но исто така и на здрави институции, почнувајчи од здравствените кои се најпотребни сега преку сите институции кои живот значат за граѓаните. Така што овие потези кои се извлекоа овие денови се резултат на таа стратегија и јавноста ги пропознава истите, позитивно реагира на истите, исткна Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“.
Николоски во своето гостување им сe заблагодари на сите 100.000 граѓани кои за една недела се потпишаа на иницијатива на ВМРО-ДПМНЕ за одложување на пописот.
Сакам да ја искориста оваа можност да се заблагодарам на преку 100.000 граѓани на Македонија , од сите краишта на Македонија, од сите градови и села кои во само една недела се потпишаа на иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за ова кое се случи вчера, а тоа е одлука за одложување на пописот. Ние имавме една силна акција каде граѓаните јасно станаа и го кажаа својот став, додаде тој