Националниот ден на Унгарија – запалена свеќа за Свети Стефан и средби за инвестиции

Вицепремиерот Александар Николоски, на покана на премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, присуствува на Националниот ден на Унгарија. Овој ден се слави во чест на Свети Стефан, основачот на унгарската држава и промотор на христијанството.

Покрај учеството во официјалната прослава, Николоски ќе оствари повеќе средби со високи претставници на унгарската влада, неколку министри и потенцијални инвеститори.

На овие средби ќе се разговара за тековните проекти во Македонија и за идната засилена економска соработка помеѓу двете држави. Целта да се поттикне развојот на инвестициите и трговијата.

Посетата на вицепремиерот го потврдува одличното пријателство и соработката помеѓу Македонија и Унгарија, како и заложбите за продлабочување на билатералните односи во различни области.