Александар Николоски по средбата на својот Фејсбук профил напиша:
-Денеска во Брисел заедно со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и меѓународниот секретар Тимчо Муцунски остваривме средба со Марко Кампоменоси, пратеник во Европскиот парламент и шеф на делегацијата на партијата Лега на Матео Салвини во Европскиот парламент.
На средбата разговаравме за продлабочување на односите и соработката помеѓу двете држави и соработката помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и партијата Лега. Разговаравме и за проблемите со кои се соочува Македонија како што се корупцијата и криминалот, лошите економски политики и недостатокот на реформи.
Заеднички заклучивме дека соработката и пријателството помеѓу двете партии и држави и во иднина ќе се зајакнува.
Продолжуваме со средби до среда во интерес на Македонија! , вели Николоски .