Денес сме во Тетово, во посета, прво тука на црквата Св. Кирил и Методиј, а после тоа и да се сретнеме и со луѓето, сите кои што сакаат да поразговараат, во текот на вечерните часови исто така ќе имаме средби. Би сакал да ја поздравам иницијативата „Го сакам Тетово“ која што овие два дена организира и концерти, којшто се навистина, вчера беа масовно посетени, а очекувам и вечерва да има масовна посетеност. Така што во рамки на овие посети се обидуваме да поразговараме со луѓето за нивното секојдневие, за нивните проблеми. Изборите за советници во Тетово даваат добра можност да можеме да уште еднаш поразговараме со луѓето и да ги видиме нивните барања и нивните проблеми, изјави денеска за медиумите потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.
Тој истакна дека програмата на ВМРО-ДПМНЕ е веќе поделена низ градот Тетово.
– Таму имаме конкретни мерки за подобрување на инфраструктурата, понатака вложување во екологијата пред се во развој на паркови и создавање на голем градски парк, понатака решавање конечно на проблемот со водоснабдувањето и бројни други проблеми со кои што се соочуваат тетовчани. Секако тука се и економските предизвици коишто и не се секогаш во надлежност на советот да може советот да помага, а овие локални избори мислам дека ќе се и вовед во предвремени парламентарни избори.Очекувам околу ВМРО-ДПМНЕ да се обединат што поголем број на граѓани да дадат доверба на ВМРО-ДПМНЕ со цел да можат да се реализираат бројни проекти. Ние нема да сме скромни и ќе кажам дека очекуваме да имаме најмалку 6 советници во советот коишто ќе бидат клучни при одредувањето на мнозинството во советот и ќе ја одредат идната патека на градот Тетово и на општината Тетово, појасни Николоски.
Тој очекува во овие рамки да се движат и следните девет дена до завршувањето на кампањата и до изборите кои што се на 20 август.
– Повторувам, мислам дека овие избори ќе се многу значајни и во делот на иницирање на предвремени парламентарни избори, особено во услови на покрај национално понижување кое што се случува на Македонија пред се со бугарскиот договор, веќе извесно економско опустошување. Првите сметки почнаа да стигаат со новите цени, мислам тука на електричната енергија и се далеку поголеми од тие 13% кои што Владата ги најави дека ќе е покачувањето, а за фирмите се зголемени за 300 до 500%, значи за 3 до 5 пати се зголемени цените за електрична енергија. Ако некоја фирма на пример плаќала 5.000 евра за електрична енергија, сега плаќа помеѓу 15 и 25.000 евра за електрична енергија што ги носи фирмите кон колапс и кон возможно затварање на истите, да не зборувам за другите економски проблеми кои што и престојат на Македонија. Така што во такви услови овие избори во Тетово мислам дека се резултатот кој што ќе го покажат ќе бидат силен вовед во предвремени парламентарни избори, додаде Николоски.