Кадија тужи, кадија суди, до сега ДУИ функционираше на овој начин, но нивната провидна политика заврши. Единствена шанса гледаат да создаваат само етнички проблеми но нивните политики се со поминат рок на траење, истакна вицепремиерот Александар Николоски во гостувањто во “Само Интервју” на ТВ Канал 5.

“Митот дека Али Ахмети е чесен, падна. Митот дека прави што ќе прави, ДУИ е во Влада и тоа падна. Митот прави што прави, па ги штити и своите луѓе и тој падна. Не е ништо случајно. Зелената агенда на ДУИ им пропадна, филмот за етничките проблеми и тој им пропадана” – рече вицепремиерот Николоски.

Во однос на случајот за палење на знамето, вицепремиерот Николоски истакна дека со Законот нема компромиси и знамето мора да се почитува.

“Палењето на знамето веќе знаеме дека е смисленосценарио од оноj што сега е ставен на црната листа и еден водач на една навивачка група во Скопје”- истакна Николоски во Само Интервју.