Бугарија работи на алтернатива!?
Бугарија работи на алтернатива, со железничко поврзување на Коридорот 10 да ја заобиколи Македонија – вели министерот Николоски и токму затоа Коридорот 10 е приоритет.
Наскоро конкретни решенија
Според него, Вардарската долина е природен тек каде треба да поминува брзата пруга од железничкиот Коридор 10. Најавува конкретни решенија за околу два месеца. И средба со Европската банка за обнова и развој.
Никој не е наивен да верува дека 24 километри чинат 560 милиони евра, вели Николоски, па неопходно е да се направи ревизија на проектот и цената од македонска страна.
Од бизнис-секторот апелираат што поскоро железничко поврзување со Драч и Солун, па потоа со Бургас и другите црноморски пристаништа.
Николоски: Имаме три варијанти за брза пруга, набрзо ќе ја избереме најдобрата траса
Железничкото поврзување со Бугарија
Со претставници од Бугарија ќе се разговара за железничкото поврзување кон крајот на месецов. Досега е договорено заедничко проектирање за тунелското решение кое ќе ги поврзува двете земји и заеднички изведувач.
До крајот на јануари целокупната експропријација за Коридорите 8 и 10 ќе биде завршена-вели министерот Николоски.
За две години само 25 отсто од експропријацијата биле завршени, а во следните шест месеци се најавуваат останатите 75 отсто.