СДС планира целосно да се изoлира, а нивното однесување се претвора во целосна деструкција кое се повеќе наликува на Лeвица, истакна во вечерашното интервју на телевизија Сител во Тема на денот, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, зборувајќи за лидерската средба која ја иницираше ВМРО-ДПМНЕ и за можностите за укинување на т.н. техничка влада.

-Прво учеството на лидерската средба е доброволен чин, ние не можеме никој да присилиме да присуствува или да не присуствува. Второ, ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Мицкоски покажаа една големина, бидејќи ние имаме двотретинско мнозинство во Собранието, и без разлика на тоа решивме да организираме лидерска средба за најкрупните прашања кои се во интерес на државата. Во едно друго време, кога ВМРО-ДПМНЕ беше во опозиција и имаше повеќе пратеници од СДС, тие или не комуницираа, или одржуваа средби колку да се случат, вели Николоски.

Николоски додаде „ако СДС сака да се изолира, ние тука не можеме ништо да направиме“,  посочувајќи го феноменот кој моментално се случува на македонската политичка сцена, а тоа е дека СДС се повеќе наликува на Левица, а Левица станува СДС, односно приматот на деструкција, сега го презема најголемата опозициска партија.