Потпретседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, во своето вечерашно гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат појасни дел од барањата на партијата, за кои, како што рече, не сакале да разговараат од владејачката гарнитура.
СДСМ бега од вториот дел од нашата понуда, а тоа е четири тима, во четирите клучни сектори – економијата, здравството, образованието и националната катастрофа, ВМРО-ДПМНЕ да понуди луѓе со сериозна политичка тежина и луѓе експерти во своите области, коишто ќе помогнат да се решаваат проблемите, а паралелно на тоа, да договориме датум за предвремени избори, вели Николоски.