Министерот Николоски преку својот Фејсбук профил соопшти кои се неговите приоритети како министер во новата Влада
Економскиот развој на регионот зависи од инфраструктурното поврзување, имаме амбициозна агенда во патната и железничката мрежа. Денес се обратив на почетокот на Форумот за поврзување со Југоисточна Европа што се одржува во Солун.. Во делот на патната мрежа силно сме фокусирани на изградба на неколку автопати и брзи патишта на Коридор 8 и 10 со што создаваме нова мрежа на патишта низ земјата. Нашиот најамбициозен проект е изградба на брза пруга токму на коридор 10 со што ќе овозможиме брза врска до солунското пристаниште и до Централна Европа, напиша Николоски на својот профил.