Ние разгледавме извештаи на надлежните институции во државава на АНБ, на Агенцијата за разузнавање, воено разузнавање, МВР и според нив кои се државна тајна и не можам да одам до детали, но можам да кажам дека не добивме кредибилен демант на сомнежите дека македонските граѓани не се следени, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски за вестите на Алфа.
Во однос на нас како политичари и најголема опозициска партија, имаме сомнежи подолг временски период дека сме и физички следени и дека се следи нашата комуникација, телефонски интернет и така натаму. До денес немаме добиено кредибилен демант што зборува многу за состојбата во која се наоѓа Македонија – додаде Николоски.
Тој посочи дека тука е секако злоупотребата на некои софтверски алатки преку малициозен софтвер кој е незаконски, познати во јавноста се повеќе форми од типот на Пегасус.
За тоа ќе расправа и Советот на Европа, во октомври ќе има сесија на која ќе се зборува и очекувам оваа тема да ја отворам и таму. А по промената на власта детално ќе ја истражиме секоја институција да видиме каде се злоупотребувале мерките на следење и зошто тоа се прави врз ВМРО-ДПМНЕ. Оние кои го правеле тоа ќе одговараат – нагласи Николоски.