При посетата на Валандово Николоски се сретна со Ѓорѓе Иванов, а потсети дека тој и професорката Силјановска Давкова му биле професори во студентските денови.
Срдечна средба со Претседателот Ѓорге Иванов во Валандово. Претседателот Иванов и професорката Силјановска во студентските денови ми беа професори на правниот факултет. После изборите на 8ми мај ќе бидам еден од ретките кои имале привилегија двајца претседатели да му бидат професори, напиша Николоски на својот Фејсбук профил.