Капитален проект со повеќекратна корист

Штип и источниот дел на Македонија наскоро ќе добијат прво туристичко вештачко езеро, кое се очекува да биде завршено во 2027 година, пред предвидениот рок, информираше Александар Николоски на својот профил.

„Изградбата на браната на реката Отиња кај Штип влегува во завршна фаза. Овој капитален проект, покрај туристичката функција, ќе има значајна улога и во наводнувањето и водоснабдувањето во регионот“, посочи Николоски.

Буџет и инвестициска поддршка

Тој додаде дека вкупниот буџет за изградба на овој проект е обезбеден од страна на Владата преку Министерството за транспорт.

„Ја градиме Македонија!“, заклучи Николоски, нагласувајќи дека проектот ќе придонесе за економски развој и подобрување на квалитетот на животот во источниот дел на земјата.