Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес конференција зборувајќи за состојбата со изборните резултати во Карпош, поточно одговарајќи на новинарско прашање посочи дека противкандидатот на ВМРО-ДПМНЕ е на црната листа на САД.
„И да не забораваме тој е веќе осуден од Основниот суд за криминал во општината, така што тој е човекот којшто е нашиот противкандидат во Карпош и затоа сум убеден дека во Карпош имаме убедлива победа“, кажа Николоски.
Николоски посочи:
„Сигурен сум дека нема да гласаат за човек којшто веќе е осуден за криминал, и којшто е на црната листа на САД, повторно заради криминал и корупција и човек којшто всушност ја уништи општина Карпош, особено урбаниот дел, може сите да видиме на што личи Карпош сега, а сите се сеќаваме на што личеше пред неговите мандати како градоначалник“.