Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски при теренската посета на општина Росоман во рамки на акцијата „Ова е Македонија за сите“ истакна дека жителите на населеното место Сирково бараат да се направи клучка и да се поврзат директно со експресниот пат Градско-Прилеп, и нагласи дека сите инфраструктурни проекти во Македонија се запрени а актуелната власт е заинтересирана само за штетниот договор со Бехтел и Енка.
„Денес сме во посета на општина Росоман во моментот сме во населеното место Сирково каде што поразговаравме со жителите за сите актуелни прашања може да кажам една работа која што сега ја договоривме со жителите имајќи предвид дека идејата на овие посети е да слушнеме од прва рака кои се барањата и потребите на жителите и истите да ги преточиме во програмата која што ВМРО-ДПМНЕ ќе ја работи за следните парламентарни избори. Знаете дека се гради експресен пат од Градско до Прилеп тој експресен пат треба да значи побрз транзит за целиот Пелагониски регион, жителите од ова населено место побараа да имаат директен приклучок односно да се изгради клучка која што директно ќе го поврзи селото со експресниот пат. Се договоривме дека тоа ќе се направи и јас презедов обврска и како носител во четвртата изборна единица да после формирањето на влада од ВМРО-ДПМНЕ го реализираме ова прашање односно да се изгради клучка со цел жителите на ова населено место да имаат директен пристап на експресниот пат.
Потпретседателот Николовски додаде и дека сите инфраструктурни проекти во Македонија се запрени а актуелната власт е заинтересирана само за штетниот договор со “Бехтел и Енка“.
„Вториот дел е што за жал не сум оптимист дека експресниот пат за брзо ќе се изгради имајќи предвид темпото со кое што се работи, така што ќе остане обврска и на ВМРО-ДПМНЕ да го изгради тој експресен пат, од причина што сите инфраструктурни проекти во Македонија се запрени. Автопатот од Охрид до Кичево не се гради, како што не се гради ни експресниот пат од Прилеп до Градско, единствено за што се заинтересирани од актуелната власт на ДУИ и СДСМ се штетните договори со „Бехтел и Енка“ каде што во моментот Македонија исплати 117 милиони евра на „Бехтел и Енка“, а 117 зрна песок не се ставени во градба на било што во државата. Видовте две пародии едната пародија беше кај Тетово каде што наводно почна да се гради тој дел од автопатот а не се гради ништо, втората пародија беше малку подолу од Прилеп каде што исто така почна да се гради овој дел од автопатот но сите знаете дека не се гради ништо, така што тоа уште еднаш покажува за какво недомаќинско работење се работи од една страна и од друга страна за штетноста на овој договор“, нагласи Николоски.
Николоски истакна и дека според него целосно треба да се затвори темата со уставните измени бидејќи уставни измени во овој парламентарен состав на ВМРО-ДПМНЕ и под овие услови нема да има.
„Во однос на најактуелните политички прашања мислам дека целосно треба да ја затвориме темата поврзана со таканаречените уставни измени поддршка од ВМРО-ДПМНЕ во овој парламентарен состав под овие услови за нема, и мислам дека тука треба да ставиме точка на оваа тема и да се посветиме на останатите теми. Доколку власта мисли дека ова поминува кај народот, да одиме на предвремени парламентарни избори па да видат што мислат луѓето во однос на ова и на сите други прашања“, нагласи Николоски.
Николоски постави прашање и до владата и министерот за финансии за тоа каква е состојбата со буџетот и колкав е дефицитот во буџетот моментот.
„Третата тема која што сакам да ја отворам е состојбата со буџетот според наши сознанија дефицитот во моментот е далеку поголем од тоа што е проектирано и од тоа што треба да е за првото тромесечје и за второто тромесечје кое што е во тек, така што еве апелирам до министерот за финансии до владата да одговорат колкаве дефицитот во буџетот во моментот и на кој начин планираат да го финансираат тоа. Оние приказни кои што ги раскажуваатво јавност дека граѓаните ќе купуваат обврзници, односно дека ќе можат да го финансираат дефицитот во буџетот мислам дека се апсолутна глупост, од причина што и она малку што го имаат заштедено граѓаните не треба да го потрошат и да го фрлаат во дупка со неизвесност дали било кога може да им се врати“, истакна Николоски.
Во однос на пресудата од Стразбур, Николоски истакна дека Судот јасно потврдил дека тие човекови права биле нарушени со што уште еднаш се покажало дека целиот случај со 27 април и судењето на луѓето после тоа е политички мотивиран, и не е базиран врз основа на правото туку е базиран врз основа на политички одлуки.
„Јас високо го ценам Европскиот суд за човекови права во Стразбур, знаете дека сум долги години во Советот на Европа, судот е еден од основните механизми на Советот на Европа и таму нема ниту одлики кои што се базирани на лични чувства, ниту одлуки кои што се базирани на политика, туку има одлуки кои што се исклучиво базирани на европската конвенција за човекови права. И затоа не сум изненаден што судот донесе ваква одлука, оваа одлука соодветствува на сето она што е право и правда а во овој случај се работи за нарушување на неколку основни човекови права. Судот јасно потврди дека тие човекови права биле нарушени што уште еднаш покажува дека целиот случај со 27 април и судењето на луѓето после тоа е политички мотивиран, не е базиран врз основа на правото туку е базиран брз основа на политички одлуки и сум убеден дека ова што почна ќе продолжи и за другите жалители таму, затоа што е јасно што се случуваше и на кој начин се политизираше целиот случај“, заклучи Николоски.