Разгорените страсти меѓу Скопје и Софија очигледно ѝ одговораат на бугарската страна. Бугарските политичари наместо целосно да ја затворат оваа тема и да ја признаат грешка непоставувајќи македонско знаме на официјална средба меѓу Силјановска Давкова и Радев тие упорно избегнуваат да одговорат на главното прашање „Зошто Бугарија изостави македонско знаме на билатералната средба меѓу претседателите на двете држави“.

Николоски: Држави војни водат, па има знамиња и од двете страни кои преговараат

Ваквиот жаргон и многуте навреди бугарските политичари првенствено ги упатуваат на контото на вицепремиерот Александар Николоски откако тој во телевизиско гостување порача дека „бугарскиот домаќин се однесува нецивизирано“. Вицепремиерот којшто е министер за транспорт и врски во текот на гостувањето алудираше на тоа дека дури и две држави кои војни водат на иста маса имаат знаме, а сега нема знаме од македонската страна.

Николоски ја осуди бугарската страна за изоставеното македонско знаме на средбата Радев – Силјановска

Критики од бугарската јавност кон Николоски

Наместо да ги прифатат фактите и да се извинат за грешката, бугарските политичари „со дрва и камења“ почнаа да го напаѓаат македонскиот вицепремиер. Додека Бугарија не може да состави влада со години и државата не може да излезе од длабока политичка криза, сите заедно се обединија против Александар Николоски. Борисов побара негова оставка, Слави Трифонов кажа дека сме држава заради Бугарија. Утрово и Андреј Ковачев се огласи за изоставеното знаме, но наместо вина упати нови провокации на сметка на Александар Николоски.

Андреј Ковачев по скандалот со знамето: Имаме заедничка историја која е на бугарскиот народ, Македонија не го почитува договорот за добрососедство

Згора на се, екстремно десничарската партија сака да гласа и декларација на негово конто.

Николоски не попушта пред бугарските политичари: Нема преговарање за македонското национално прашање

Николоски сепак не ретерира и децидно стои на својот став дека нема преговарање за македонското национално прашање и дека ваквата криза Бугарија ја користи Македонија во предизборието.

Македонците се посебен народ кој зборува раазличен јазик од бугарскиот јазик, а тоа е македонски јазик. Имаме засебен јазик којшто е македонски и посебна држава која е Македонија, вели Николоски.

„Извинете господа не сте достојни да барате оставка од мене“

Николоски категоричен е и кон бугарските политичари кои бараат негова оставка.

„Извинете господа не сте достојни да барате оставка од мене“, одговори Николоски на барањата од бугарска страна за негова оставка пред се алудирајќи на Бојко Борисов. Во меѓувреме тој стои со цврст став и пред сите оние кои бараат оставка.

Николоски децидно одговори на бугарските политичари: Од мене оставка бараат луѓе кои се обвинети за криминал и корупција, Македонија ја користат за политички поени во предизборието
Николоски одговори на Борисов и Радев / илустрација: Радио Лидер

Николоски категоричен е кон Борисов. Потсетува дека станува збор за политичар кој спие со пачки со злато и стотици илјади евра во девизи до него, а дел е и од многу сомнителни и криминални афери.

Николоски потсетува дека Бугарија е западната во тешка политичка криза и влегува од избори во избори, па затоа тамошните политичари сакаат да заработат поени на тема „македоснко-бугарски односи“.

Добрососедство, но со исправена глава

Николоски потенцираше дека целта не е да се разбудат страстите меѓу овие две држави и дека и самиот тој цели кон добрососедство. Но, за истото да се случи треба да се почитуваат основните принципи од бугарска страна како што е поставување на знаме на држава која е гостин во кабинетот на претседател на Бугарија.