Изградбата на патниот правец Гевгелија – Богданци има огромно значење за развој на регионот бидејќи поврзува неколку општини и населени места и дава силен инпут во развој на бизнисите и подобра комуникација на жителите, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на настанот по повод пуштање во употреба на патниот правец Гевгелија-Богданци.
Инвестицијата е во вредност од 5 милиони евра, средства се обезбедени од буџетот на ЈП за државни патишта.
Во продолжение интегралното обраќање на вицепремиерот Николоски:
Навистина е убаво кога се отвораат нови проекти. Денеска отвараме еден пат што многу значи за целиот регион. Значи за Богданци, за Гевгелија, за Валандово и Дојран и за целиот регион затоа што им овозможува подобра комуникација на сите овие општини и населени места. Мене ми е драго што се заврши проектот, ова беше еден од заглавените проекти кои што ги наследивме, но еве се завршува, имаме еден нов модерен пат, пат кој целиот овој регион го поврзува со коридор 10. Преку тоа го поврзува со Гевгелија и со соседна Грција и Србија, го поврзува со главниот град Скопје и овозможува многу можности како за бизнис така и за размена, за студентите побрзо да стигаат до факултетите, земојделците побрзо да ги продваат своите производи и за сите кои живеат во овој дел за еден побрз напредок.
Би сакал да се заблагодарам на Премиерот затоа што големи проекти без силна подршка не се реализираат. Ние сме на дневна основа во комуникација и координација и без Премиерот и без неговата подршка ни овој проект немаше да е возможен. Претседателе благодарам!
Благодарнст за сите кои се вложија во реализција на проектот, на вредните работници кои што работеа на овој проект, на ЈП за државни патишта, на вработените во министерството за транспорт и останатите институции кои помагаа. Нека е за среќа и да се гледаме за уште многу, многу убави проекти”- истакна вицепремиерот Николоски.
На настанот се обратија и претседателот на Владата, Христијан Мицкоски и директорот на ЈП за државни патишта ,Коце Трајановски. Во своите говори ја истакнаа важноста од рехабилитација на овој патен правец како и силната инвестициона активност на Владата за изградбра и модернизација на патната мрежа низ државата.