Според него, ова е највелепен храм осветен во очи на прогласувањето на независноста на Македонија. Во продолжение ви го пренесуваме неговиот Фејсбук статус:

– На денешен ден во 1990 беше осветен соборниот храм на Македонската православна црква Св. Климент Охридски.

Најголемиот и највелепен храм осветен во очи на прогласувањето на независноста на Македонија е симбол на самобитноста на македонскиот народ, оспорувана во минатото и денес, но вечна како што е и Македонија.
Уште многу векови за храмот наш со оваа прекрасна песна на Гоце Николовски посветена на осветувањето на храмот:

Храмот е вознес за вечни времиња,
гордост на Македонија,
признале некои или не,
со тебе, мајко, постоиме.
Запејте сите ангели,
загрмете стари камбани,
збирајте се, Македонци,
бидете благословени, напиша Николоски

На денешен ден во 1990 беше осветен соборниот храм на Македонската православна црква Св. Климент Охридски. Најголемиот и…

Posted by Aleksandar Nikoloski on Thursday, August 12, 2021