Николоски оствари средба со градоначалникот на општината кој што е од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, а потоа се сретна со општинскиот комитет на партијата, а за актуелната состојба во државата разговараше и со жителите од населените места кои гравитираат во општина Сопиште.

 -Можам да кажам дека општина Сопиште е пример како може да функционира една општина кога има добар менаџмент и навистина би сакал да го пофалам градоначалникот, кој е еден добар пример како кадрите на ВМРО-ДПМНЕ го реализираат она што е ветено во програмата. Општината се развива исклучително добро во моментов има и големи проекти пред себе, само тука имаме два значајни проекти. Едниот е изградба на нова детска градинка, а вториот е изградба на Културен дом, што зборува за посветеноста и работата на градоначалникот и на целата општинска администрација.

Тоа што потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ исто така го пофали е што целокупната општина се развива и дека се создава еден нов мал град.

-Продолжуваме во следниов период исто така со посетите и врз основа на овие посети ќе ја сработиме и програмата на ВМРО-ДПМНЕ за следните локални избори во која што фокус ќе бидат проектите и она што е потреба на граѓаните, рече Николоски.