Денеска остварив работна средба со заменик амбасадорката на САД, Никол Варнс, напиша на Фејсбук министерот за транспорт и врски, Александар Николоски.
На средбата се отворија и прашања за развој на инфраструктурата. Ја истакнав огромната важност во исполнување на владините цели за реализација на капиталните проекти, како предуслов за побрз економски раст и развој и подобро регионално поврзување и интеграција. Се разговараше и за проектите кои се планирани во идниот период, засилената динамика во работењето на коридорите 8 и 10. Разговаравме и за проектите во железничкиот сектор, проектот за брзата железница како еден од поважните стратешки проекти, истакна Николоски.