Потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ, Александар Николоски преку својот фејсбук профил ги повика граѓаните да излезат вечерва од 19:00 часот, пред Владата на Република Македонија, во одбрана на македонските национални интереси, македонскиот јазик, историја и култура.
-📌 Вечерва од 19:00 часот пред Влада на Република Македонија.
Да излеземе во одбрана на МАКЕДОНСКИТЕ НАЦИОНАЛНИ ИНТЕРЕСИ, МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК, ИСТОРИЈА И КУЛТУРА!, пишува Николоски.