„Ја имав честа да се обратам на Виена економскиот форум“, напиша тој, нагласувајќи дека VEF ги поврзува земјите „од Јадран до Црно Море“ и ги обединува бизнис-заедницата, институциите и политичките чинители.
Во својата објава Николоски посочи дека форумот се фокусира на заеднички проекти во инфраструктурата, енергетиката, дигитализацијата и иновациите.
„VEF е значајна платформа за регионален економски дијалог и активно придонесува кон подобрување на деловната клима и привлекување инвестиции“, порача тој.
