Власта има дадено ветувања кои сега мора да ги реализираат, а едно од ветувањата е дека ќе ја променат суштината на македонската држава, македонскиот јазик, македонската нација. Да ги променат и корените кои македонската држава, нација и јазик кои си имаат свој јасен историски и политички континуитет кој оваа власт се обидува да го избрише и уништи, изјави за „Заспиј ако можеш“ на Алфа, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.
Тој истакна дека затоа претседателот на владата не сакаше да се појави во Благоевград, а претседателот на државата лажеше, затоа што тој кажа дека не можел да се појави дека не добил покана, но откако доби покана, истиот кажа дека не можел да присуствува затоа што имал однапред преземено обврски.
– Да дојдеа Шолц или Макрон да разбереш зошто не можел да присуствува, но видовме дека Пендаровски го немаше никаде, што значи: Власта има дадено ветувања дека ќе ги промени суштината на македонската држава, јазик, нација, кои мора да ги реализираат затоа и не смееја да се појават во Благоевград, не дека немал преземено обврски туку не смеел да се појави во Благоевград затоа што и тој има преземено обврски кон Бугарија и затоа само претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски беше во Благоевград, потенцираше Николоски.
Тој истакна дека од власта не смеат да се појават, мора да го реализираат тоа што го презеле како обврска.
– Колку и да ја потценуваме Бугарија, таа постои како држава веќе 150 години, има и толку институции и безбедносните служби им работат добро и овие кои се на власт кај нас да не мислат дека тоа што го презеле како обврска не е документирано. Им стигаат папки на масата што обврски преземале. Кога Димитар Ковачевски се охрабри во Собрание да рече дека ќе оди на отворањето на клубот и рече на Рашела Мизрахи дека ќе оди, но вчера Рашела Мизрахи беше, но веројатно Ковачевски добил потсетување на биро, во кое го потсетиле што обврска презел, нагласи Николоски.
Николоски посочи дека се додека имаме ваква власт каде на тацна ги имаат дадено националните интереси ние не можеме да очекуваме друг однос кон Македонија.