Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на пријатен разговор со Владиката г. Петар.

Многу искуство и знаење беше споделено од почитуваниот Владика, напиша на својот фб профил Николоски.

Поразговаравме за Македонската Православна Црква која отсекогаш е стожер на македонскиот народ. Основната причина за опстојот на Македонците низ вековите е вербата во Бога и нашата црква.Така било, така ќе биде и во иднина.

ВМРО-ДПМНЕ како демохристијанска и партија на народот секогаш е во поддршка на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија.